Концептот на Овластен Економски Оператор како меѓународен тренд и инструмент за олеснување на меѓународната трговија

Овластен економски оператор (ОЕО)
  • Што е ОEO
  • Кој може да биде ОЕО
  • Придобивки на ОEO
  • Меѓународно Взаемно признавање
  • Соработка со други владини органи
  • ОEO лого
Што е ОEO ?
Концептот на ОЕО се заснова на партнерство помеѓу Царина и Бизнис заедницата .Програмата, која има за цел да ја зајакне безбедноста на меѓународниот трговски синџир на снабдување и да ја олесни легитимната трговија, е отворена за сите учесници во  синџирот на снабдување (превозник ,царински застапник,држатели на складови и други оператори со простори за складирање ,шпедитер ,извозник ,производител......)Тој ги опфаќа економските оператори овластени за поедноставување на царината (ОЕO-Ц), безбедноста и сигурноста (ОЕО-С) или комбинација од двете.
ОЕО-Ц – Царински поедноставувања, предвидено е за економски оператори со седиште во царинското подрачје на Република Македонија кои бараат и може да користат низа поедноставувања пропишани во царинските прописи.
ОЕО-С – Безбедност и сигурност, предвидено е за економски оператори со седиште во царинското подрачје на Република Македонија кои бараат и може да користат олеснувања во поглед на царинските контроли поврзани со безбедноста и сигурноста кога стоката се внесува во царинското подрачје на Република Македонија или кога стоката го напушта царинското подрачје на Република Македонија.
 
 
Врз основа на член 6-а од Царинскиот Закон ,Членови 10-а-10-ќ од Уредбата за спроведување на ЦЗ статусот на ОЕО може да биде доделен на секој економски оператор кој ги исполнува следниве општи критериуми:
 
Услови и критериуми   ОЕО-Ц ОЕО -С
Усогласување со царинското законодавство и правилата за оданочување и отсуство на кривични дела поврзани со економската активност Х Х
Соодветно водење евиденција.
 
Х Х
Финансиска солвентност.
 
   
Докажани практични стандарди за компетентност или професионални квалификации.
 
Х Х
Безбедносни и сигурносни стандарди
 
  Х
 
Статусот на ОЕО доделен од една земја-членка е признаен од страна на царинските органи во сите земји-членки (член 38 (4) UCC).
 

 
Кој може да биде ОЕО ?
 
  • ПРОИЗВОДИТЕЛ
  • УВОЗНИК
  • ИЗВОЗНИК
  • ПРЕВОЗНИК
  • ШПЕДИТЕР
  • ЦАРИНСКИ ЗАСТАПНИК
  • ДРЖАТЕЛ НА ЦАРИНСКИ СКЛАД
Секој економски оператор регистриран на царинското подрачје на Република Македонија , кој е дел од меѓународниот синџир на набавки и кој е вклучен во операциите поврзани со царината, може да аплицира за статусот на ОЕО.
Економските оператори немаат законска обврска да станат ОЕО, тоа е прашање на избор на економскиот оператор во зависност од неговата моментална состојба. Исто така, економските оператори со ОЕО статус не се законски обврзани да бараат од своите деловни партнери да се стекнат со ОЕО статус.
Економскиот оператор кој поднесува барање со цел да стекне ОЕО статус треба да биде свесен дека мора да „има контрола“ над своето работење. Тоа значи, во зависност од видот на ОЕО уверение и видот на деловни активности на економскиот оператор и неговиот бизнис модел, дека треба да преземе соодветни организациски мерки во областите поврзани со критериумите за стекнување на статусот ОЕО со цел да се обезбеди ризиците поврзани со царинските активности да може да бидат идентификувани и избегнати и/или сведени на најмало ниво.
 
 
 
Придобивки на ОEO
  • Меѓународно признат како безбеден и сигурен деловен партнер
  • намалување на кражби и губитоци;
  • помалку задоцнети пратки;
  • подобро планирање;
  • подобра услуга за клиентите; -
  • поголема лојалност на клиентите; -
  • подобро управување со залихите;
  • поголема обврзаност на вработените;
  • помалку инциденти поврзани со безбедност и сигурност;
  • помалку инспекциски трошоци од добавувачи и зголемена соработка;
  • помалку криминал ;
  • поголема сигурност и комуникација меѓу партнерите во трговскиот синџир на снабдување.
Придобивките од ОЕО, во зависност од видот на овластувањето, се сумирани во табелата подолу:
Придобивки   ОЕО-Ц ОЕО-С
Полесен пристап до ЦАРИНСКИТЕ ПОЕДНОСТАВУВАЊА Х  
Помалку физички и документарни  КОНТРОЛИ    
  Х Х
Претходно известување во случај на селекција за физичка контрола (поврзано со безбедноста и сигурноста)   Х
Претходно известување во случај на избор за царинска контрола (поврзано со  царинското законодавство) Х  
Приоритетен третман ако е избран за контрола Х Х
Вршење на контрола на место кое најмногу одговара на ОЕО Х Х
Индиректни придобивки    
(Признавање како безбеден и сигурен деловен партнер, Подобрени односи со царината и другите владини органи; Намалени кражби и загуби; Помалку одложени пратки; Подобрено планирање; Подобрена услуга за корисниците; Подобрена лојалност на купувачите; Пониски трошоци за инспекција на добавувачите и зголемена соработка итн. Х Х
Взаемно признавањена уверенијата  со трети земји   Х
Подобри односи и признание од другите државни  органи х х
Што е Взаемно признавање на ОЕО?
Во Рамката на стандарди на Светската Царинска Организација, взаемното признавање е клучен елемент за јакнење и овозможување на сеопфатна заштита на меѓународниот трговски синџир на снабдување и воедно е и корисна алатка за избегнување на двојни безбедносни контроли и контроли за исполнетост на услови. Взаемното признавање може да придонесе кон олеснување и управување со ризици, обезбедување значајни мерливи и ако е можно взаемни поволности со сигурни меѓународни партнери и економски оператори.
Целта на взаемното признавање на статусот ОЕО или негов еквивалент значи дека Царинската управа ги признава резултатите од проверка на автентичноста и одобрување на статусот ОЕО издаден во рамките на друга програма и се согласува да ги обезбеди значајните, мерливите и ако е можно, взаемните поволности/олеснувања на взаемно признатите уверенија.
 
Кои се придобивките од меѓусебното признавање?
Специфичните придобивки се содржани во секој поединечен Договор за заемно признавање (MRA), но генерално придобивките ги вклучуваат следниве основни елементи:
  • Помалку безбедносни и безбедносни контроли
  • Признавање на деловните партнери за време на процесот на аплицирање
  • Приоритетен третман при царинење
  • Механизам за континуитет на бизнисот
 
ОEO лого
Со користењето на ОЕО логото на вашите документи имате објективен доказ дека вашата компанија придава големо значење на квалитетот и безбедноста во работењето кое е контролирано од страна на Царината .Ваквата посветеност значително ја зголемува довербата и имиџот на вашата компанија како учесник во меѓународниот синџир на трговска размена.
 
 
https://bi.mk/konceptot-na-ovlasten-ekonomski-operator-kako-megunaroden-trend-i-instrument-za-olesnuvanje-na-megunarodnata-trgovija/