ПОЛИТИКАТА ЗА КВАЛИТЕТ во ПОСТОЛОВИ ШПЕДИЦИЈА И КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ која е клиентски ориентирана фирма ја креира ,спроведува и одржува врвното раководство (управителот) во комуникација со сите компетентни лица со кои заедно ги дефинираат процесите и процедурите.

За реализирање на својата основна цел а тоа е ЗАДОВОЛЕН КЛИЕНТ Постолови шпедиција и консалтинг ДООЕЛ се фокусира на следните цели:
  • Ефикасно и економично работење преку попаметни работни процеси и пристап до најдобрите практики на ПОСТОЛОВИ шпедиција и консалтинг
  • Професионален однос со клиентите, исполнување на барањата и реализирање во договорените рокови.
  • Подеднаков третман на сите клиенти без разлика на нивниот обем на работа
  • Целосно документирани процеси на работа со постојано идентификување и отстранување на неусогласености од страна на сите вработени.
  • Подобрена усогласеност и ублажување на ризикот со оптимизирани царински процеси и процедури
  • Благовремено и адекватно планирање на сите активности.
  • Правилно и брзо царинење на стока
  • Обезбедување на здрава работна средина и обука за поттикнување на свеста на вработените за квалитетно работење
  • Постојана едукација,иновативност и информираност со постоечките правила и прописи
  • Ефикасни услуги за шпедиција и консалтинг по конкурентни цени, со строго почитување на роковите.
  • Минимум бројот на грешки и нула поплаки од клиенти.
  • Услуги на клиентите на очекуваните нивоа, истовремено отстранувајќи ги сите ризици што можат да се појават во работниот процес.
  • Вистинско и правилно однесување на вработените - сите деловни активности се извршуваат со интегритет, чесност и според строг морален кодекс на етика.
  • Учење и развој во индустријата преку соодветна обука.
  • Аутсорсинг на услуги според прифатените стандарди.
  • Имплементацијата и почитувањето на политиките за квалитет на компанијата.

За да се постигнат, одржуваат и надградуваат овие вредности се извршува следното:
  • Вработување на квалификуван и амбициозен тим кој ќе има можност и обврска постојано да се развива и подобрува;
  • Негување и развој на партнерства со соработниците ;
  • Нудење на оптимални и сеопфатни решенија кои даваат поддршка на барањата и потребите на клиентите;
  • Одржување и подобрување на ефикасноста на системот за управување со клалитетот според барањата на меѓународниот стандарс ISO 9001:2015

Обврска на секој вработен е да биде запознаен со Политиката за квалитет ,да ја разбере и прифати како постојан принцип на своето работење.

Дата:
30.08.2021
УПРАВИТЕЛ: Радмила Ристиќеска Постолова