ЗОШТО КОМПАНИИТЕ ВООБИЧАЕНО ПЛАЌААТ ЕКСТРА ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ?

1.АНГАЖИРААТ НЕКОМПЕТЕНТНИ ЦАРИНСКИ ПОСРЕДНИЦИ
 
Побарајте препорака од други компании пред да ангажирате царински посредник ,проверете дали има доволно искуство , бидејќи некомпетентен царински посредник може да го уништи вашиот бизнис.  
Да се организира целокупниот увоз или извоз во никој случај не е едноставен потфат.  Воспоставувањето на добри релации со вашиот царински посредник и царинските служби е клучен фактор за соодветно извршување на извозот односно увозот .
 
 
2.НЕ ЈА ДЕКЛАРИРААТ ТОЧНО ЦАРИНСКАТА ВРЕДНОСТ
 
Плаќањето на вистинските царински давачки и даноци не само што Ви овозможува лесно и сигурно царинење ,туку Ве спасува и од многу главоболки во  иднина . 
 
Многу сопственици на одредени бизниси не ја декларираат точната вредност на стоката со цел да заштедат дел од увозните/извозните давачки  без да се свесни дека со тоа  нанесуваат голема штета како на самиот бизнис така и на репутација на компанијата .
 
3.НЕ СЕ ЗАПОЗНАЕНИ СО УСЛОВИТЕ НА INCOTERMS-ОТ

Инкотермсот се правила со кои се регулира меѓународната трговија . Главната предност на користењето на Incoterms е фактот дека условите за продажба се прецизно објаснети така што тие не предизвикуваат недоразбирања во толкувањето помеѓу купувачот и продавачот.
 
4.НЕ ГИ ПОЗНАВААТ УВОЗНИТЕ И ИЗВОЗНИТЕ РЕГУЛАТИВИ
 
Непознавањето на увозните и извозните регулативи може драматично да влијае на зголемување на трошоците на бизнисот. Правилата и регулативите во меѓународната трговија постојано се менуваат,информирајте се за царинските олеснувања кои се актуелни во моментот на царинење на вашата пратка , направете навремена проверка дали вашите производи се во согласност со царинските и нецаринските регулативи специфични  за вашите производи.
 
5.НЕ ГО ПРОВЕРУВААТ ДОБАВУВАЧОТ НА СТОКАТА 
 
Многу увозници претпоставуваат дека доколку компанијата  добавувач е присутна на глобално ниво автоматски е сигурна.Факт е дека со глобализацијата се појавуваат многу лажни добавувачи кои ги плагираат постоечките web страни ,затоа е многу важно пред да склучите договор добро да ја проверите легитимноста на компанијата-добавувач .
 
6.НЕПРАВИЛНО ГИ КЛАСИФИЦИРААТ СТОКИТЕ
 
Правилното тарифирање на стоките  може значајно да ви  ги намали трошоците и да го подобри вашето управување со ризик. Во спротивно или ќе платите високи давачки или ќе платите пенали за сторен прекршок.