НОВИ ПОВОЛНОСТИ ЗА ОВЛАСТЕНИТЕ ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОРИ

 Царинската управа го донесе новиот Прирачник за овластен економски оператор што претставува заокружување на процесот на усогласување со царинското законодавство на Европската унија во делот кој го регулира статусот ОЕО. Овластениот економски оператор со стекнувањето на статусот има многу оволности како: намалени физички и документарни контроли, приоритет во случај кога е селектиран за контрола, избор на место за контрола, предност при одлучување на поднесени барања во Царинската управа, полесен пристап до царинските поедноставувања и можност за взаемно признавање на издадените одобренија со други земји.
 Царинската управа следејќи ги тековите на модерното секојдневие го редизајнираше и логото – Овластен економски оператор, кое овластените економски оператори може да го употребуваат на своите документи и со кое се истакнуваат дека се одобрение иматели на овој вид на одобрение. Употребата на логото Овластен економски оператор претставува знак дека носителот на ова лого е економскиот оператор со воспоставени механизми за сигурност во своето работење и претставува сигурен и безбеден партнер на Царинската управа.
Подетални информации на линкот подолу:

http://www.customs.gov.mk/index.php/mk/informacii-mk/vesti-mk/2143-21-05-2019