Како да се подготвите за ПОСТ-ЦАРИНСКА КОНТРОЛА

Пост-царинската контрола претставува контрола на целокупното работење на компанијата и на сите видови на увозни давачки, надоместоци за одреден временски период. Контролата се врши со проверка и споредба на податоците од сметководствената евиденција и друга евиденција која ја водите, материјалната евиденција за репроматеријалите и добиените производи, документацијата поврзана со процесот на производство (требувања, налози за производство, нормативи и сл.), записниците од спроведени редовни и/или вонредни пописи, транспортни документи, увозни царински декларации и друга документација.
 

Како увозник или извозник, вие сте законски одговорни за точноста на информациите доставени до Царината, иако можете да користите царински посредник кој ги подготвува и поднесува вашите декларации. 


За да ги избегнете ризиците доколку не сте подготвени и воедно сакате да бидете усогласени со пропишаните царински прописи и регулативи, тогаш ова советување е за вас.

Повеќе информации може да најдете на следниот линк: https://www.linkedin.com/events/6848505727334588416/

Поврзани вести